легализира (св. и несв.)
Секоја од овие можности има донекаде различни предности и недостатоци. Најмалку радикален чекор кон ублажување на забраната би било класирањето на дрогите по категории при што би се легализирале најмалку опасните.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Тревата не е легализирана но не се легализирани ни убиствата.
„Три напред три назад“
од Јовица Ивановски
(2004)
На ист начин за Кант секој морален чинител треба да биде автономен легализирајќи го моралниот закон независно за себеси.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Многу други земји, како што се Холандија и Велика Британија, се откажаа од драконските прохибиционистички мерки. Марихуаната во Холандија е легализирана, додека во Велика Британија лекарите не само што можат да препишуваат хероин, туку во рамките на една експериментална програма што се спроведува во Ливерпул, препишуваат и кокаин кој се пуши, но не и крек.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)